ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Еден од најдобрите македонски ракометари, Филип Миркуловски собра сили, и покрај повредите, да биде дел од тимот против Чешка. По мечот видно разочаран не можеше да го сокрие фактот дека загубивме со оваа генерација одлична шанса за извонреден пласман на собирот на најдобрите во Европа.
„Што да кажам. Имаме квалитет, имаме искуство, имаме навивачи зад нас…, ама ни недостасува карактер. Тоа се виде и сега против Чешка кога требаше само рутински да го приведеме мечот во наша полза. Мислам дека загубивме одлична шанса за висок пласман. Ова беше последна можност на оваа генерација за висок дострел на Европско првенство. Сакам да им честитам на дел од помладите кои покажаа дека Македонија има ракометна иднина и кои денеска одиграа квалитетно“ – истакна Миркуловски веднаш по поразот од Чесите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА