Новак Ѓоковиќ беше поразен на самиот старт на турнирот во Рим, и тоа од 20-годишниот Хрват Динмо Прижмиќ кој моментно се наоѓа на 79. место на АТП-листата.
Ѓоковиќ на овој турнир се врати на терените по незгодната повреда, и доживеа разочарување на стартот, првпат во историјата на своите настапи во Рим.
Третиот сет донесе драма, а на крајот победи Прижмиќ. За него, пак, ова беше најголемата победа во неговата кариера.
Она што никогаш нема да го заборави е сигурно доаѓањето до мрежата по натпреварот. Големиот Ноле го пречека таму со насмевка и подадена рака, и веднаш му кажа неколку зборови.
„Браво, брате“, беа првите зборови што ги изговори Ѓоковиќ, кои Призмиќ никогаш нема да ги заборави.
Siempre lo diré y nadie me baja de ese barco:
No ha habido ni habrá un mejor perdedor en el mundo del tenis que Djokovic.
Fíjense cómo se comporta con el rival en la red.
👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼👏🏼 pic.twitter.com/VwC6i61X9j https://t.co/NhSyVii9Yb
— José Morón (@jmgmoron) May 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
