Четири дена тренинг во сноуборд и требаше на Јапонката Мело Имаи да се врати во форма за исполнување олимписка норма. Сепак, се одлучи во Пјонгчанг да не учествува подготвувајќи се, како што вели, за следните Игри во Пекинг.
Но, сосема поинаква приказна е интересна поврзана со 30-годишната Јапонка. Таа во 2006 година го напушти овој спорт затоа што се впушти во порно индустријата притоа заработувајќи огромни пари како порноѕвезда, но и како „хостеса“ во ВИП барови.
Практично од снег скокна на кревет, за сега како што вели и е преку глава од снимање филмови па сака повторно да се врати на сноубордот.
„По Олимписките игри во Торино, откако се впуштив во новиот бизнис заработував за една ноќ забава и повеќе од 6.500 фунти во неколку часа. Ми требаа тогаш пари, и тоа беше лесна заработувачка. Но, сега имам пари и сакам да се вратат комплетно на спортот и порнографијата да ја оставам на страна“ – вели Мело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА