Растко Стојковиќ го пропушта Ф4 во СЕХА

Белорускиот шампион Мешков Брест на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига во Скопје, ќе настапи без својот прв пикер, Растко Стојковиќ. Српскиот репрезентативец има повреда на менискусот на десното колено и според информацијата објавена на клупскиот сајт на Мешков Брест, деновиве треба да биде опериран.

По операцијата на Стојковиќ му претстои двомесечна пауза што за него ќе значи и крај на клупската сезоната без настап за Мешков Брест на Ф4 во СЕХА, што од 13 до 15 април ќе се одржи во Скопје.

Тој ќе ги пропушти и осминафиналните дуели од Лигата на шампионите во кои белорускиот првак ќе се сретне со Нант на нашиот Кире Лазаров.

Се вчитува...