Во моментите на „хаос“ во соблекувалната: Винисиус со трансфер во европски гигант!?

Користејќи го внатрешен хаос кој владее во Мадрид во последните денови, еден од најмоќните европски клубови гледа совршениот момент да направи спектакуларен потег и да го доведе Винисиус Жуниор.

Манчестер Сити внимателно ја следи ситуацијата на Винисиус и е подготвен да ги искористи тензиите што се појавија во Мадрид.

Според пишувањата на шпанските медиуми, англискиот шампион верува дека ова е идеално време да се обиде да дојде до бразилската суперѕвезда.

Реал Мадрид поминува низ исклучително комплициран период по избувнувањето на конфликтот меѓу Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени, епизода што ја потресе соблекувалната на Реал, и е само една во низата неодамнешни скандали.

Инцидентот беше толку сериозен што Валверде заврши во болница со трауматска повреда на мозокот, а клубот одлучи за невидени санкции.

Управата на Реал Мадрид официјално објави казни од 500.000 евра за секој играч, што се едни од најголемите дисциплински казни во историјата на клубот.

Во меѓувреме, иднината на Винисиус повторно стана неизвесна. Договорот на Бразилецот истекува во 2027 година, а преговорите за продолжување сè уште не доведоа до конечен договор.

Извори блиски до Реал велат дека Винисиус бил „информаторот“ во скандалот меѓу Валверде и Чуамени. Покрај тоа, напаѓачот никогаш не би бил едногласно прифатен во соблекувалната, поради неговиот став и на теренот и надвор од него.

Во овој напнат контекст, Манчестер Сити „ги трие рацете“ и го подготвува теренот за евентуална понуда.

Се вчитува...