Кристијано Роналдо се пофали со новиот автомобил Бугати вреден 3 милиони долари. Португалецот е познат љубител на брзи автомобили за кои не штеди пари, па и не чуди што стана амбасадор на Бугати. Набрзо потоа фудбалерот на Реал Мадрид го купи автомобилот од 1.500 КС и во свој стил го украси со ознаката КР7.
Моќниот автомобил, Роналдо му го покажа на својот пријател, играчот на НФЛ тимот на Њујорк џајантс, Одел Бекам јуниор, кој исто така е познат по својата страст за скапи и моќни автомобили.
Своевремено тој возеше „Ролс Ројс Фантом купе“ и малку пообичен Мерцедес ЦЛС 63 АМГ, а според неговата реакција по „презентацијата“ на Роналдо, многу веројатно е дека наскоро во возниот парк ќе додаде и милионско Бугати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА