Македонскиот репрезентативец Борко Ристовски се прикажа во одлично светло на голот на Барселона на вечерашниот дуел против Фригорифигос Моразо, што каталонскиот гигант го доби со убедливи 36-21. Сепак, Ристовски и соиграчите вечерва нема да слават нова титула во АСОБАЛ, откако забавата им беше „одложена“ по победата на Адемар Леон, па Барса ќе треба да почека до следното коло за да го осигура новиот шампионски трофеј.
Ристовски беше во елемент на голот на Барса стигнувајќи до 15 одбрани, потврдувајќи ја добрата форма во клучниот дел од сезонава. Во нападот во извонедно издание се покажа Валеро Ривера, кој постигна дури 13 погодоци.
Следен предизвик за Ристовски и неговите тимски колеги е првиот дуел од осминафиналето во ЛШ, на гостински терен против незгодниот состав на Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА