Борко со Барса ја одбрани титулата во АСОБАЛ лигата

Борко Ристовски со Барселона ја одбрани титулата во АСОБАЛ лига. Во натпреварот од 24.коло, Барселона на гостински терен славеше против Куенка (27-30) и со 23.победа математички ја обезбеди новата титула во шпанското првенство. За каталонскиот клуб ова е вкупно 25.шампионска титула во Шпанија, осма во серија.

Избраниците на Чави Пасквал ја искористија првата „меч топка“ , потврдувајќи ја фаворитската улога и во овој дуел со Куенка, иако до победата дојдоа многу потешко од очекуваното.  Домаќините пружија достоен отпор и настојуваа да држат чекор во играта во поглем дел од натпреварот.

Во првиот дел, Барса не успеа да се одлепи на повеќе од три гола предност, а на полувремето заминаа со водство од 14-16. Отпорот на домаќите продолжи и во второто полувреме кога дојдоа и до минимална предност поведувајќи со 20-19 и одржуваа минимална предност до  средината на полувремето. Изедначено беше и на десет минути пред крај кога Куенка со два гола во серија дојде на 24-24. Сепак, Барса беше супериорна во завршницата стигна до триумф за нова шампионска титула.

Македонскиот репрезентативец имаше уште едно извонредно издание на голот на Барселона и запиша 12 одбрани во првиот дел со 46 процентна успешност. Во второто полувреме го замени Гонзало Перез де Варгас и тој заврши со 10 одбрани. Најефикасни во составот на Барселона беа Валеро Ривера, Арон Палмарсон и Алекс Абело со по четири гола. Кај домаќините, Леонардо Дутра Фереира постигна 12 гола.

Следен предизвик за Барселона е реваншот против Монпелје во осминафиналето од Лигата на шампионите во кој викендов во кој Барса треба да надополни три гола негатива по поразот во првиот меч во Франција (28-25).

Се вчитува...