Ракометарите на Нант по голема битка успеаја да слават над Тулуз со 32-28, со што тимот на нашиот Кире Лазаров се зацврсти уште повеќе на третата позиција на табелата.
Гостите изненадија со одлична игра во првото полувреме, па на одмор заминаа со водство од 14-16. Нант се разигра на стартот од вториот дел и поведе со 20-16, но Тулуз повторно се врати, израмнувајќи на 27-27. Токму во тие моменти блесна Кире Лазаров, кој постигна два од наредните три гола за својот тим, за водство од 30-27 и разрешување на сите дилеми околу победникот.
Македонскиот капитен го заврши мечот со четири погодоци од вкупно пет обиди, а најдобар стрелец кај Нант беше Норвежанецот Хансен со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА