Борко знае со стил да прослави титула (видео)

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовки, вчера со Барселона ја одбрани титулата во АСОБАЛ лигата. Со синожешната победа против Куенка, Барса  и математички ја завери 25. титула во историјата на шпанското првенство, додека за Борко ова е втора шампионска титула со каталонскиот клуб.

Ристовски на одлучувачкиот меч имаше 12 одбрани, па во добро расположение продолжи да слави во соблекувалната. Како што е редот, секој спортски успех се слави со шампањ, а Борко го даде првиот знак дека прославата може да започне.

Се вчитува...