Лазаров поразен на дербито со ПСЖ

Кире Лазаров и Нант немаа сили за изненадување на дербито на францускиот шампионат против ПСЖ, меч што актуелниот првак го доби со 31-29.

Како пресуден се покажа финишот од првото полувреме во кој „светците“ влегоа во серија, на одмор заминаа со 17-14 и на крајот стигнаа до огромна победа. ПСЖ со оваа победа се приближи на само два бода од лидерот Монпелје, додека Нант по поразот останува на третата позиција, со два бода предност во однос на Сан Рафаел на четвртото место.

Кире Лазаров одигра солиден натпревар и постигна четири погодоци (два од пенал). Најефикасни кај Нант беа Клер и Турнат со по шест гола, додека најдобар поединец во редовите на ПСЖ беше Ремили со четири гола.

Се вчитува...