Брајтон и Бoрнмут не се откажуваат од сонот наречен ЛШ

Екипите на Брајтон и на Борнмут не се откажуваат од трката за место во ЛШ, стигнувајќи до нови победи во рамките од 36. коло од Премиер-лигата. Најдобрите пет екипи во Англија имаат загарантирано место во ЛШ, но пласман во елитата може да обезбеди и шестиот во Премиер-лигата, ако Астон Вила заврши петта во Англија, но истовремено и го освои трофејот во Лигата на Европа.

Борнмут моментно е на шестото место со 55 бода, четири помалку од Ливерпул и три од Астон Вила (Вила има и меч помалку) откако тимот на Ираола попладнево како гостин го совлада Фулам со 0-1. Двата тима добија по еден црвен картон во првото полувреме, а единствениот погодок беше постигнат  во вториот дел, дело на Рајан во 53. минута.

Брајтон рутински ја одработе задачата против веќе испаднатиот Вулверхемптон славејќи со 3-0 со погодоците на Хиншелвуд, Данк и Минте.

Во третиот меч од денешната попладневна програма Манчестер јунајтед ремизираше 0-0 на гостувањето против Сандерленд.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...