Омерагиќ со поддршка за иницијативата за Рингов: Големо име… ќе одекнува… засекогаш

Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, јавно ја поддржа иницијативата на ФК Вардар јужната од Националната арена во Скопје да го носи името Васил Рингов.

Фудбалската легегенда почина пред месеци, по што огромен дел од спортската јавност е со апсолутна поддршка за оваа иницијатива – името на Рингов засекогаш да биде поврзано со стадионот каде имаше блескави моменти во дресот на Вардар.

„“Фудбал под сенка“ е неговата биографија, но името на Васил Рингов не смее да остане во “сенка”“, порача Омерагиќ.

„Големо име. Ќе стои и ќе одекнува. Засекогаш“, се вели во соопштението на ФФМ.

Се вчитува...