Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, се уште не може да ја преболи својата поранешна девојка, руската убавица Ирина Шајк. Тие се разделија пред три години, а таа сега е во врска со актерот Бредли Купер и заедно имаат ќеркичка. Но, Португалецот е љубоморен, па дури и опседнат со животот на Ирина и не може да се помири со разделбата. Ова за британски таблоид го потврдил близок пријател на Кристијано Роналдо.
„Тој се уште ја сака Ирина. И не само тоа, туку се интересира за нејзиниот живот, љубоморен е на нејзиниот нов партнер Бредли Купер. Тие всушност се разделија затоа што Ирина сака да имаше дете, а Роналдо во тој период сакаше исклучиво да биде фокусиран на фудбалот. Но, тој не мислеше дека Ирина навистина ќе си замине“, откри пријателот на Роналдо.
Сега Португалецот живее со Георгина Родригез, и четирите деца, од кое едно им е заедничко, родено во ноември минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА