Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски беше клучниот играч во победата на Констанца против Динамо Букурешт со 27-20, во второто коло од плеј-офот во Романија за 1-1 во вкупната серија. Митревски запиша вкупно 19 одбрани и го врати својот тим повторно во игра по разочарувачкиот пораз во првото коло.
Одлична партија во одбраната на Констанца одигра и Велко Марковски кој го комплетира македонскиот придонес во триумфот на Констанца. Победникот во овој четвртфинален дуел од плеј-офот ќе биде решен во мајсторката на 29 април во Букурешт.
Мајсторка за полуфинале во Романија ќе играат уште двајца макеоднски репрезентативци – Гоце Георгиевски со ЧСМ Букурешт против тимот на Темишвар за кој настапува Златко Даскаловски. Во денешното второ коло, ЧСМ Букурешт славеше во гости со 18-19, откако го загуби првиот меч на домашен терен со 28-29 по изведување на пенали. Георгиевски постигна четири гола и беше втор стрелец во ЧСМ Букурешт после Тиуменцев кој запиша еден гол повеќе.
Први полуфиналисти во романскиот плје-оф се Стеауа и Турда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА