Интер на најдобар можен начин покажа зошто е шампион на Италија откако вечерва лесно и убедливо го совлада Лацио на гостински терен, среде Рим со 0-3. „Лацијалите“ беа во одличен ритам, имаа само еден пораз во последните осум рунди, но Интер демонстрираше целосна надмоќ и заслужено стигна до бодовите на овој жежок терен.
Работата беше значајно олеснета поради раното водство, по еден аут од десната страна Турам ја спушти топката, а Лаутаро Мартинез од волеј ја смести топката во мрежата. Римјаните се обидоа да се вратат, но наместо израмнување пред крајот на првото полувреме дојде до втор гол на Интер, овојпат дело на хрватскиот репрезентативец Сучиќ.
„Лацијалите“ капитулираа со црвениот картон што го доби Ромањоли во 59. минута, по што Мхитаријан во продолжението ги постави конечните 0-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
