Прволигашот Бутел забележа сензационална победа против суперлигашот Охрид со 29-27 (15-15) и утре ќе игра сo Пелистер за место на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија. Во првиот натпревар од оваа четвртфинална група на која Бутел е домаќин, Пелистер славеше убедлива победа против Делчево Вардар со 43-20.
Избраниците на тренерот Игор Котевски, пружија достоен отпор во дуелот со Охрид и на крај заслужено славеа победа. По изедначеното прво полувреме (15-15), Бутел вио вториот дел направи решавачка предност поведувајќи со 22-19 и успеа да ја сочува позитивата до крај.
Финалниот натпревар од оваа група меѓу Бутел и Пелистер ќе се одигра утре со почеток во 16 часот.
Пласман во завршницата на Купот на Македонија веќе обезбедија Металург и Еурофарм Работник. Натпреварите во првата четвртфинална група се одложени поради настапот на Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

