Македонската ракометарка Сара Митова потпиша нов договор со данскиот клуб Сондерјиске. Минатото лето 21-годишната Митова од Вардар се пресели во Сондерјиске и во својата прва интернационална сезона ги исполни очекувањата на управата и доби понуда за нов договор. Во првата сезона во данска, Митова одигра 22 натпревари за Сондерјиске во Првата дивизија, и постигна 35 гола.
„Сара е квалитетно и технички многу силно крило. Минатата сезона беше нејзина прва во странство и се разбира, таа требаше да се приспособи на новата средина. Јас со нетрпение очекувам да видам како ќе се развива во следната сезона“ – изјави тренерот на Сондерјиске, Оливера Кечман.
Сара Митова на позицијата лево крило во Сондерјиске ќе дели минутажа со 20-годишната данска ракоемтарка Рике Хофбек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА