Еврогол на Олис, победа на Баерн

Баерн Минхен успеа да слави со 0-1 на гостувањето против Волфсбург, во првиот меч по елиминацијата во полуфиналето од Лигата на Шампионите од ПСЖ.

Баварците видно емотивно истрошени се мачеа да влезат во посакуваниот ритам, но сепак стигнаа до цел плен благодарение на Олис, кој постигна фантастичен погодок во второто полувреме.

За Волфсбург овој пораз значеше целосно губење на шансите за сигурен опстанок, па оваа екипа во последното коло ќе се бори со Сент Паули, кој тим ќе испадне во втората лига, а кој ќе игра бараж со третопласираниот тим од Бундеслига2.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...