Сабаленка елиминирана, Синер ја мина првата пречка во Рим

Арина Сабаленка има очигледен пад во формата откако по елиминацијата во Мадрид, првата светска тенисерка прерано го заврши и настапот на Мастерс-турнирот во Рим.

Таа денеска за противничка ј аимаше 27. тенисерка на ВТА-листата, Сорана Кирстеа, која приреди големо изненадување со победата од 2-1 во сетови. Сабаленка делуваше моќно во првиот сет славејќи со 2-6, но Кирстеа возврати со 6-3 во вториот сет.

Драматично беше во решавачкиот сет во кој Кирстеа имаше 5-3, Сабаленка израмни на 5-5, но Романката сепак беше посмирена во клучните моменти славејќи со 7-5 за пласман во следната рунда.

Јаник Синер стигна до првата победа на неговиот „домашен“ турнир во Рим, откако славеше на пресметката со Офнер со 2-0 во сетови.

Првиот светски рекет го доби стартниот сет со 6-3, потоа направи брејк на самиот почеток од вториот сет и стигна до посакуваниот триумф. При 5-4 во вториот сет мечот беше во прекин поради укажување лекарска помош на трибините, но штом продолжи дуелот Синер на свој сервис стигна до шестиот гејм и ја запечати победата.

Негов противник во следната рунда ќе биде победникот од дуелот меѓу Меншик и Попирин, уште еден дуел на кој италијанскиот тенисер ќе ја има улогата на апсолутен фаворит.

Грузиецот Басилашвили приреди големо изненадување успевајќи да го елиминира Шелтон со 2-1 во сетови.

Се вчитува...