Струмица 2001 е тимот што се закити со титулата шампион на Првата македонска лига, откако во финалната серија успеа да триумфира со 2-1 над составот на Бутел. Мајсторката се играше вечерва во Струмица, каде домашните кошаркари по голема битка стигна до триумф од 81–76 што им носи и билет за преселба во елитното друштво.
Струмичани имаа контрола над резултатот во голем дел од натпреварот, на полувреме водеа со 45-38, на крајот од третиот период имаа „плус девет“, па „бутелци“ и покрај обидите за камбек не упеаја да се вратат целосно во натпреварот, кој заврши со заслужена победа на Струмица.

Димитар Пандев со 30 поени е најзаслужниот што Струмица 2001 се стекна со суперлигашка промоција, а имаше и одлична помоош од Александровски со 17 и Јовановиќ со 11 поени. Мартиноски со 15 и Андоновски со 12 поени беа најефикасни во таборот на Бутел.
За потсетување, кошаркарската Супер-лига се крати од 12 на 10 клубови за следната сезона. Токму затоа, Струмица е единствениот тим што влегува во елитното друштво, додека од Супер-лигата во Првата лига се селат Ангели, Феникс и Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
