Филип Талески со тимот на Рајн Некар Левен е се поблиску до обрана на титулата во Бундес-лигата. „Лавовите“ од Манхајм славеа против Магдебург со 34-29 и ја запишаа четвртата победа по ред по која остануваат на водечката позиција на табелата.
Актуелниот германски шампион има 50 бода со скор од 25 победи и само четири порази сезонава. Втор е Фленсбург исто така со 50 бода, но и со два натпревари повеќе од Рајн Некар Левен.
Талески и на овој натпревар имаше повеќе одбранбена улога и не се запиша во листата на стрелците која кај Рајн Некар Левен ја предводеа КЛим Егдал ду Риц со девет и Анди Шмид со осум гола.
За разлика од Талески, вториот македонски репрезентативец во Рајн Некар Левен, Филип Миркуловски, со тимот на Вецлар претрпе пораз на домашен терен од Берлин со 26-31. Ова е втор натпревар по ред, на кој Вецлар остана без бодови и падна на 11.место на табелата. Миркуловски не постигна ниеден погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА