Паметна топка – Милиќ со најбрза одбрана, Ричардсон со топ во рака

Новата технологија и „паметната“ топка со која се играат натпреварите на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, дава прецизни и информации за секој шут. Во полуфиналето во кое Вардар минимално беше поразен од Монпелје (27-28), голманите беа далеку под своето ниво, но Страхиња Милиќ во оние малку, ја има најбрзата одбрана на шут со брзина од 118 км/ч.

Најбрзиот гол на ова полуфинале во „Ланксес Арена“ е дело на најефикасниот во редовите на Нант, валентин Порт.Францускиот репрезентативец постигна осум гола, а еден од нив беше со брзина од 126 км/ч.

дека десната старна во нападот на Монпелје беше „убиствена“ за Вардар, потврда се и шесте голови на 21-годишниот Мелвин Ричардсон кој беше главниот адут на францускиот тим во решавачката последна четвртина. Ричардсон го има шутот со најголема брзина на овој меч од 133 км/ч.

Се вчитува...