Кире Лазаров со тимот на Нант го одигра последниот натпревар за оваа сезона и финишираше со победа на домашен терен против Маси Есон ( 41-35).
По настапот на Ф4 во Келн на кој Нант дебитираше со вицешампионска титула, тимот на Лазаров ја заврши сезоната со уште еден триумф пред своите навивачи. По доминацијата во првата четвртина, гостинскиот тим кој е последен на табелата, успеа да ја анулира негативата и на одмор да замине со гол предност (19-20). Но, во вториот дел Нант се врати во ритам и ранботите си дојдоа на свое место.
Кире Лазаров го заврши натпреварот со четири гола од седум обиди. Нант ја завршува сеозната на третото место во првенството на Франција зад старо-новиот шампион ПСЖ и европскиот шампион Монпелје кој на домашен терен остана на втората позиција.
По завршувањето на клупските обврски во Франција, Лазаров со македонската репрезентација го очекува уште двомечот со Романија во баражот за СП 2019, на 10 јуни во Скопје и на 13 јуни во Клуж.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА