Беласица ги промовираше Стојков и Милушев… (ФОТО)

Беласица денеска официјално промовираше уште две нови засилувања за следната сезона. Во Струмица по цели 11 години се враќаат Драган Стојков и Александар Милушев.

Драган Стојков изминатиот период настапуваше во САД, Србија, Грција и Јужна Кореја по што сега повторно се враќа во синиот дрес како огромно засилување за средниот ред.

Александар Милушев, пак, ќе ја засили левата бековска позиција во тимот. Во изминатиот период тој настапуваше во Швајцарија и за ФК Хоризонт Турново, Работнички и Металург на домашната сцена.

Се вчитува...