Македонскиот прволигаш Силекс продолжува со реновирање на тимот за следната сезона. Најново засилување за кратовскиот тим е десниот бек Филип Ристовски, кој се враќа во македонскиот фудбал по епизодата во Јавор Ивањица.
Кратовци под раководство на тренерот Жикица Тасевски ги почнаа подготовките, а првиот пријателски натпревар е закажан за 14 јули против бугарскиот тим, Монтана.
„Подготовките стартуваа, полека ќе го засилиме темпото, а со пријателски мечеви ќе стартуваме на 14.јули против Монтана во Пехчево“, вели за ЕКИПА, тренерот Жикица Тасевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

