СЕХА чека само уште еден тим, но лигата е многу послаба од лани

Извршниот комитет на СЕХА-лигата одржа состанок на кој се дискутираше за системот на натпреварување и листата на учесници за наредната сезона. Откако пред една сезона остана без Веспрем, регионалното натпреварување во новиот шампионат ќе биде послабо со неиграњето на словенечките претставници Целје и Горење.

СЕХА ги објави и имињата на девет од десетте учесници за новата сезона, дополнувајќи дека последната екипа ќе биде обелоденета наскоро. До последно се водеа преговори за камбек на Веспрем, но таа опција пропадна, во меѓувреме поради финансиски проблеми се премислува и Кјелце, па јасно е дека квалитетот ќе биде значително опаднат во споредба со претходните сезони.

Покрај Вардар и Металург, кои повторно ќе бидат претставници на СЕХА од Македонија, дел од регионалното натпреварување ќе бидат уште и екипите на Брест Мешков, Татран Прешов, Загреб, Нексе, Извиѓач, Војводина и Железничар.

Се вчитува...