Првиот ден на „Пандев куп 2018“ донесе многу возбуда и одлични натпревари

Меѓународниот младински турнир „Пандев Куп 2018“ денеска беше отворен со натпреварите од првото коло. На терените на ФФМ, во Ѓорче Петров и во Струмица се одиграа интересни натпревари.

Во генерацијата на фудбалери родени 2002 година, Академија Пандев го совлада Еуроспорт Куманово со убедливи 4-1, а ефикасни беа и фудбалерите на Бенатул Темишвар, кои со 4-0 ја совладаа Победа.

Вардар беше поуспешен од Беласица и победи со 3-1 во генерацијата 2003, а Јагодина беше убедлива против Сесвете. „Пандевци“ славеа Национал со 2-1.

Многу голови донесоа натпреварите во генерацијата на фудбалери родени 2004 година. Победа го совлада Реал Ниш со 5-2, а Сесвете со 5-1 го победи Национал.

Најубедливиот триумф на првиот натпреварувачки ден го оствари тимот на Ботев Пловдив. Во меч од генерација 2005, Ботев Пловдив со 9-0 ја декласира Форца, а Вардар ремизираше 2-2 против Национал. Академија Пандев одигра 1-1 против Шкендија.

Се вчитува...