Кире Лазаров со тимот на Нант во полна пареа ги одработува подготовките пред стартот на новата сезона. Ланскиот финалист во Лигата на шампионите по триумфот во првиот контролен натпревар против Бенфика во Лисабон, во победнички стил продолжи и на Шпаркасе – Куп во Германија.
Францускиот тим денеска одигра два натпревари и запиша две победи. Во првиот претпладневен дуел, Нант беше поуспешен од Штутгарт (37-30), а потоа Лазаров и неговите тимски колеги славеа и против Есберг (24-23).
Нант е бранител на титулата на Шпаркасе – Куп кој традиционално се одржува секоја година пред стартот на новата ракометна сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА