Ракометарите на Целје и на Железничар имаат по две победи по првите два дена на 46.Меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“.
Словенечкиот тим во вечерниот натпревар денеска го победи Феникс Тулуз со 31-29 . Исто како и на првиот меч во кој го совладаа Еурофарм Работник, избраниците на тренерот Бранко Тамше беа супериорни и во пресметката со францускиот противник.
Две победи по првите два натпревари во Струга има и нишки Железничар кој од клупата го предводи Веселин Вујовиќ. Српскиот вицешампион денеска славеше победа против шведксиот Алингсас со 23-20. На стартот од турнирот, Железничар беше поуспешен и од домаќинот РК Струга.
Утре на програмата на струшкиот турнир се дуелите: Струга – Алингсас (17.30 ч.), Железничар – Констанца (19.30 ч.) и Тулуз – Бешикташ (21 ч.).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

