ФОТО: Стојков, го замени Пандев, за деби за Академија Пандев

Поранешниот македонски репрезентативец Аце Стојков дебитираше во дресот на Академија Пандев.

Стојков, некогаш заедно со Горан Пандев настапуваа за струмичка Беласица потоа преселувајќи се и во милански Интер, за да сега биде дел од клубот на најдобриот македонски фудбалер.

А, своето деби во Академија Пандев го одбележа поврзувајќи се со уште еден Пандев… Во 54. минута Аце Стојков на дуелот против Беласица влезе на местото на братот на Горан, Сашко Пандев. На крајот сето тоа заокружено со радост и за „пандевци“ и за Стојков кој дебито го круниса со победа на својот нов тим од 0-2 против некогашниот негов тим.

Се вчитува...