Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски со екипата на Бенфика го освои победничкиот пехар на 20.издание на Интеранционалниот турнир во Визеу. За Ристовски кој летово од Барселона се пресели во Бенфика, ова е прв трофеј освоен со португалскиот клуб.
Во финалето на турнирот Бенфика беше подобра од францускиот Шамбери со 30-27. Претходно, португалскиот тим во Визеу славеше победа и против Чеховски медведи со 32-28.
„Одигравме два добри подготвителни натпревари со кои го засиливме темпото и се обидовме да пробаме некои нови механизми во играта. Мислам дека беше интересно. Разликата меѓу победа и пораз на турнирот не е голема, тоа не беше главниот фокус на овие натпревари. Играчите добро го одработеа својот дел и треба да им се честита“ – изјави тренерот на Бенфика, Карлос Ресенде,
За Бенфика ова беше последна проверка пред дуелот што ја очекува во недела против градскиот ривал Спортинг во Супер купот на Португалија, во борба за првата титула во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА