Хаос во Чешка: Навивачите предвреме влетаа на терен, Спарта одби да доигра….

Неверојатни сцени доаѓаат од Чешка, каде големото дерби меѓу Славија  и Спарта Прага не го дочека својот крај поради хаосот што го направија домашните навивачи. Имено, резултатот беше 3-2, а Славија со таквиот исход ќе имаше „плус осум“ во однос на лутиот ривал и можеше да ја прослави шампионската титула.

Само што… на навивачите не им се чекаше, па шест минути пред да биде означен крај стотици фанови на Славија влетаа на терен, дел од нив ја славеа титулата, но имаше и такви кои фрлаа пиротехнички средства кон трибината со навивачи на Спарта.

На теренот завладеа хаос, фудбалерите едвај се повлекоа кон соблекувалните, а по дваесетина минути хулиганите се повлекоа, но играчите на Спарта одбија да се вратат и да го доиграат дуелот, плашејќи се за сопствената сигурност.

Дисциплинецот во Чешката Фудбалска Федерација дефинитивно ќе има полни раце работа..

Се вчитува...