Како се станува од трагичар херој? Прашајте го Лионел Меси. Аргентинецот промаши пенал во првиот дел во дуелот против Египет во 1/8 финалето, но во последните минути од мечот експлодираше и донесе на својата селекција пласман во 1/4 финалето.
Најпрво запиша асистенција, па потоа самиот во листата на стрелците за израмнување на 2-2, а во судиското надополнување Енцо Фернандез даде и трет гол кој им овозможи на светските прваци да дојдат до конечен триумф.
Меси го постигна својот 21-ви гол на Мундијалите, што е апсолутен рекорд, а исто така постигна гол на деветиот меч по ред на Светските првенства, подобрувајќи го исто така својот рекорд.
„Богот на фудбалот“ како што многумина го нарекуваат има шанси да ги подобри сите овие бројки во следната фаза, кога неговата селекција ќе игра против Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
