Раководството на Панатинаикос постигна договор со францускиот интернационалец Гершон Јабуселе, кој ќе потпише тригодишен договор вреден 15.000.000 долари, објави специјализираниот кошаркарски портал „Хупшајп“.
Атинскиот клуб, кој неодамна го презеде Жељко Обрадовиќ по втор пат, сè уште официјално не го потврдил трансферот, но според гореспоменатите извори, успеал да го убеди 30-годишниот крилен центар да се врати во европската кошарка по две сезони поминати во НБА.
Јабуселе претходно играше за Филаделфија, Њујорк и Чикаго, а за време на враќањето во НБА, тој постигнуваше во просек 8,3 поени по натпревар.
Францускиот репрезентативец претходно го привлече вниманието на јавноста на Олимписките игри во Париз, кога предизвика големо внимание кај кошаркарската јавност со забивање над Леброн Џејмс.
Според новинарот на „Хупспорт“, Мајкл Скот, овој договор ќе го направи Јабусуле еден од најплатените кошаркари во Европа.
Неговото доаѓање во Панатинаикос би можело да значи и заминување на Хуанчо Ернангомез, за кого Реал Мадрид се споменува како најсериозен следен клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
