По последниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство, Швајцарија на пенали ја совлада Колумбија, и стана последниот патник во 1/4 финалето на Мундијалот.
Ова е прв пласман на Швајцарија меѓунајдобрите осум селекции на Светот после 1954 година. Сега Швајцарците ги чека натпревар против Аргентина за пласман во полуфиналето на Светското првенство, што би било најголем успех во историјата на оваа селекција.
Капитенот на швајцарската репрезентација, Гранит Џака, истакна дека долго време чекале на оваа генерација играчи, комбинација од млади и постари играчи.
„Оваа швајцарска генерација има нешто посебно. Долго време чекавме група играчи како оваа. Поискусните нè поттикнуваат. Се обидуваме да им го пренесеме нашето искуство. Сите мора да бидеме горди на овој резултат. Исто така, докажавме дека мала нација може да постигне голем резултат на светско ниво“, изјави Џака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
