Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, како стручен консултант, остро го критикуваше судењето и примената на ВАР технологијата по победата на Аргентина од 3-2 над Египет во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година .
Мурињо оцени дека судиите донеле неконзистентни одлуки и рече дека начинот на кој бил користен ВАР сериозно ја нарушил регуларноста на натпреварот.
„Ова е грабеж на сред бел ден. Срамно е во што се претвора фудбалот. Како можеш да дозволиш акцијата да продолжи, да дозволиш да се постигне гол, а дури потоа да одлучиш да се вратиш назад и да го поништиш голот? Ако имало прекршок, веднаш прекини ја играта. Не чекај да се постигне гол “, не штедеше зборови, „Специјалниот“, а потоа продолжи доста конкретно.
„Потоа поставувам друго прашање – зошто првиот гол на Аргентина не беше прегледан со истото внимание кога изгледаше многу блиску до офсајд? Зошто секоја контроверзна ситуација во корист на Аргентина беше детално испитана, додека онаа на Египет не изгледаше дека доби ист третман?“, смета Мурињо.
„ВАР треба да донесе праведност, а не конфузија. На овој меч се чинеше дека секоја важна одлука е донесена во корист на Аргентина. Фудбалот заслужува подобро“, рече Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
