Она кое беше најавено уште по елиминацијата од Шпанија на Светското првенство, денеска се официјализираше. Португалија остана без селектор, откако Роберто Мартинез ја напушти селекцијата после поразот од Шпанците со 1-0 со гол во последните мигови од мечот.
Така „златната генерација“ предводена од Кристијано Роналдо ја пропушти и последната можност да дојде до најблескавото одличје во репрезентативниот фудбал. Шпанецот дојде на клупата на Португалија во 2023 година, и после три години си заминува од кормилото. Во минатото Шпанецот ја водеше Белгија на чие чело се задржа шест години, а беше тренер и на Евертон, Виган и Свонси.
На местото селектор најверојатно ќе дојде искусниот Жорге Жезус, кој чека само официјализација и да седне на клупата на Португалија, која ќе ја води до СП 2030 година.
Obrigado, Roberto Martínez. pic.twitter.com/t3U0WN4ljt
— Portugal (@selecaoportugal) July 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
