Шкупи без тренер: Зекирија Рамадани си поднесе оставка

По поразот од Кит Го во шеснаесетфиналето од Купот на Македонија, Шкупи остана без тренер. Зекирија Рамадан си поднесе оставка од клупата на чаирскиот прволигаш заминувањето најавувајќи го со обраќање до јавност преку својот фејсбук профил.

„Сакам да соопштам дека поднесувам оставка од клупата на Шкупи, по слабите резултати на екипата изминатиов период. Резултатите сигурно не се согласно нашите очекувања. Му благодарам на раководството за поддршката, на фудбалерите и на сите наши навивачи што секогаш се нас. Многу успех на Шкупи во иднина“ – напиша Рамадани.

Сега се очекува реакцијата на раководството на Шкупи, и назначувањето на нов стратег за продолжението од првенството во кое чаирчани најавија битка за европски излез следната сезона.

 

Се вчитува...