На сопругата и е здодевно: Имобиле си игра видео-игри, Џесика бара внимание

Џесика Мелена, сопругата на Чиро Имобиле на социјалните мрежи ја покажа големата страст на фудбалерот на Лацио по видео-игрите.

И додека Џесика бара внимание, Имобиле целосно е посветен на екранот и на виртуелниот симулатор на игрите, игнорирајќи ги потребите на сопругата.

Атрактивната Џесика има повеќе од половина милион следбеници на социјалните мрежи и пред нив се пожали дека Имобиле не се помрднува од екранот. Таа објави фотографија на која напаѓачот на Лацио целосно е посветен на играта, а таа се досадува.

Имобиле не само што е „заразен“ со фудбалските видео игри, туку вози и автомобили во виртуелните игри, а во својот дом опремен е со сите можни реквизити.

Се вчитува...