Ракометарите на Металург славеа со убедливи 27-19 на контролниот натпревар со Бутел, како увертира за отворањето на новата сезона во СЕХА-лигата и пресметката со Вардар.
Данило Брестовац имаше можност да ги види на дело своите избраници и мора да биде задоволен, пред се од одбраната која функционираше беспрекорно. Новиот суперлигаш се обиде да стори нешто повеќе, прикажа борбена игра, на полувреме замина со „минус три“ (11-8), но немаше сили да го издржи рирамот, па на крајот загуби со осум гола разлика.
Токиќ беше најефикасен во Металург со седум гола, а по четири погодоци постигнаа Шилегов и Ареновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА