Бенфика го слави Борко Ристовски, еве ги одбраните што им донесоа прва титула (ВИДЕО)

„Борко Ристовски – Запомнете го името“, стои на официјалниот профил на Бенфика покрај видеото со  одбраните на македонскиот голман на дуелот со Спортиг во Супер Купот на Португалија

Ристовски беше главниот јунак во победата на Бенфика против градскиот ривал Спортинг (29-24) за првата титула во новата сезона. Македонскиот репрезентативец со неколку одбранети зицери во решавачките моменти го откажа противникот, собра вкупно 15 одбрани и беше клучен играч во победата на Бенфика.

Уште на првото големо дерби се потврди дека Бенфика летово направи добар трансфер со ангажманот на поранешниот голман на Барселона кој, како што истакнуваат на официјалниот сајт на лисабонскиот клуб „ја направи разликата во првото дерби во новата сезона“.

 

Се вчитува...