Се е подготвено за стартот на новата сезона во СЕХА-лигата, што официјално ќе почне со дуелот во Букурешт меѓу Стеауа и Татран Прешов. Романскиот клуб влезе во последен момент во ова натпреварување, за пополнување на местото на десетти учесник во лигата, а дуелот со словачкиот шампион ќе биде добра можност да се видат на дело квалитетите на Стеауа.
„Ова е почеток на една сосема поинаква приказна за нашиот клуб и се надевам дека сите СЕХА-натпревари ќе послужат како добра реклама за романскиот ракомет. Имаме фантастичен тим, ќе настојуваме да играме убав ракомет, но и да не ставаме дополнителен притисок врз нив со превисоки очекувања“ – изјави тренерот на Стеауа, Овидиу Михаила.
Како што е добро познато, улогата на актуелен првак му припаѓа на Вардар, кој две години по ред е најдобар во ова натпреварување. „Црвено-црните“ во првото коло ќе се сретнат со градскиот ривал Металург, меч што на програмата е утре во салата „Јане Сандански“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА