РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО….ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО
Струмица: БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (1-1)
Кратово: СИЛЕКС – ПОБЕДА (0-0)
Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)
________________________________________________________________________________________
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (1-1)
Крај на стадионот „Младост“. Беласица и Вардар ремизираа, 1-1.
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)
Крај на натпреварот во Тетово, Ренова и Македонија ЃП одиграа 1-1.
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (1-1)
58’ ГООООООООЛ за Беласица, 1-1. Зоран Балдовалиев со шут од 12 метри со левата нога, го совлада Гачевски за израмнување на резултатот во Струмица.
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-1)
54’ Балдовалиев се обиде од слободен удар, но над голот на Гачевски.
СИЛЕКС – ПОБЕДА (0-0)
Без голови по првиот дел во Кратово.
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-1)
48’ – ГОООООООЛ за Вардар, 0-1. Евгениј Новак. Јуфо изведе корнер од десната страна, а Новак со удар со глава ја затресе мрежата на Вујанац.
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)
Без голови во Струмица по првото полувреме.
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)
Крај на првото полувреме во Тетово. По еден гол на двете страни.
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)
36’ Попов се обиде од слободен удар, но само во живиот ѕид.
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)
Два гола за пет минути во Тетово. Фисник Нухи во 30.минута ја доведе Ренова во водство, а пет минути подоцна Робсон да Силва со фантастичен удар од 30 метри успеа да израмни.
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)
25’ – Одлична шанса за Барсегјан, излезе сам пред голот, но не реагираше најдобро, па Вујанац одбрани.
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)
24’ – Лира беше во шанса, но во последен момент расчистија одбранбените фудбалери на Беласица.
СИЛЕКС – ПОБЕДА (0-0)
Мечот во Кратово почнува со задоцнување од дваесетина минути.
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)
17’ – Балдовалиев се обиде, но шутираше над голот на Филип Гачевски.
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)
12’ Во главна улога се навивачите на Вардар, Комитите, кои со факели и чадни бомби на трибината предизвикаа кус прекин на мечот.
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР (0-0)
8’ – Вусљанин шутира од 16 метри, но во блок од одбраната на Вардар.
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)
4’ – Прв корнер за Ренова, но одбраната на Македонија ЃП одлично интервенираше.
Беласица го пречекува Вардар, а во својот тим сепак денеска ќе ги нема најновите засилувања, Штефан Вујчиќ и Филип Ивановски. Нападот го предводи искусниот Зоран Балдовалиев.
Тренерот на Вардар, Александар Васоски, изведе офанзивен состав, со Лира, Барсегјан, Јуфо и Цветановски во навалната линија на „црвено-црните“.
_________________________________________________________________________________
Четврто коло од новата сезона 2018/19 во Првата фудбалска лига на Македонија. Вардар гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Беласица, Силекс во Кратово ја пречекува Победа, а Ренова во Тетово е домаќин на Македонија ЃП.
Вечерва (20 часот) играат Работнички и Академија Пандев на арената „Филип Втори“, додека утре (16.15 часот) на Чаир ќе се сретнат Шкупи и Шкендија.
Сите најнови случувања, шанси и голови, од денешните средби можете да ги следите на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА