Кристијано Роналдо се пресели во Италија и го засили Јувентус, но на стартот од сезоната во Серија А не може да се запише во листата на стрелците. Дополнително го ’пецна’ и Ванда Нара, сопругата на Мауро Икарди, напаѓачот на Интер кој и оваа сезона ќе атакува да биде најдобар стрелец во шампионатот.
„Мауро е гладен за голови и за фудбал. Некогаш е толку многу ’запален’ за фудбал, што бегам од дома. Но, знам дека тој ќе постигне повеќе голови од Кристијано Роналдо оваа сезона во Италија“, порача убавата Ванда, која му е и фудбалски агент на својот сопруг.
Таа откри и дека Мауро Икарди ова лето имал понуди од Јувентус и од Наполи, но дека ги одбил и одлучил да остане во Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА