Беќири: Победа беше подобра, одигравме катастрофални 25 минути

Тренерот на Ренова, Јетон Беќири го призна поразот од Победа во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига потенцирајќи дека неговиот тим одиграл почетни катастрофални 25 минути кои го решиле победникот…

Морам да бидам искрен и да признам дека Победа беше подобра и заслужено не победи а јас им честитам на победата и трите бода. Ни започнавме лошо и одигравме катастрофални 20-25 минути. Потоа малку се созедовме и почнавме да играме поорганизирано. Имавме една шанса и пречка на Рамадани. Во вториот дел кога почнавме да ја преземаме играта се случи црвениот картон и тука беше јасно дека искусна и квалитетна екиипа како Победа нема да ни дозволи да ги загрозиме со играч помалку. Честитки за Победа а нам ни преостанува да се свртиме кон наредните мечеви-првиот нареден со Беласица на свој терен и да се трудиме да ја подобриме нашата игра“ – вели Јетон Беќири.

Се вчитува...