Жителите на Општина Сарај вчера ја добија својата „Coca-Cola Активна зона“. Оваа зона е 13. по ред и е дел од големиот проект на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“. Зоната во Сарај всушност е трета од вкупно пет што годинава се донираат низ неколку општини во Македонија и е поставена во рамките на спортско-рекреативниот центар Сарај, локација што е достапна и што е посетена од голем број жители на општината, а како и другите, и оваа Активна зона е опремена со најсовремени фитнес-справи, кои се достапни за слободна и бесплатна употреба на сите граѓани 24 часа.
Како и во сите други општини, „Coca-Cola Активната зона“ во Сарај се реализираше во соработка со локалната самоуправа и претставува доказ дека градењето и одржувањето блиски партнерства секогаш резултира со многубројни придобивки што ги ползуваат граѓаните.
Оваа Активна зона е всушност четврта донација во Скопје, по зоните во Општина Гази Баба, Општина Чаир и на Кејот на реката Вардар. Од другите општини, своја „Coca-Cola Активна зона“ добија Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш, а до крајот на годината во проектот ќе бидат вклучени уште два други градови. Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“, а која се однесува на чинење добробит во заедницата преку инклузија на сите граѓани, со цел на сите еднакво да им се овозможи место за рекреација и за дружење. Како дел од оваа платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Coca-Cola“ реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди, како и „Coca-Cola Активните зони“ ширум Македонија. Комерцијален текст |
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА