По шокантниот пораз од Фленсбур во Лигата на шампионите, Нант се враќа во победнички ритам во францускиот шампионат. Тимот на македонскиот капитен, Кире Лазаров, славеше победа на гостувањето против Иври со 24-32.
Ова е трета победа по ред на Нант на стартот од францускиот шампионат со која се изедначи со максимален учинок во водечката тројка со Монпелје и Нант.
Во победат на Нант, Лазаров партиципираше со четири гола. Најефикасни во составот на Нант беа Давид Балагуер со седум и Валеро Ривера со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА