Урош Луковиќ преку емотивна порака се збогуваше од КК Куманово, со што извонредниот српски центар и дефинитивно стави крај на оваа авантура во таборот на „сино-белите“, чии бои ги бранеше во неколку наврати, последен пат доаѓајќи во 2024 година и останувајќи до крајот на оваа сезона.
Луковиќ се приближува до крајот на кариерата, Србинот веќе има 36 години, се уште е неизвесно дали ќе настапува за некој друг клуб или ќе замине во играчка пензија, но едно е сигурно – тој во следната сезона нема да ги брани боите на Куманово.
„Овој клуб за мене никогаш не бил само место каде што се игра кошарка. Ми беше втор дом, семејство, дел од животот што ме обликуваше и како играч и како човек. Секој тренинг, секој меч, секоја победа и пораз, сето тоа ќе го носам засекогаш со мене. Благодарност до соиграчите на борбата, смеата, на сето она што го минавме заедно. Благодарам на тренерите за поддршката, а посебно благодарам до навивачите – вашата енергија, љубов и верност е нешто што не се заборава. Го носевте тимот кога беше најтешко. Заминувам со огромна гордост што бев дел од оваа приказна. Куманово засекогаш останува во моето срце“, порача Урош Луковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
