Шампионот Оклахома сити тандер е на чекор до ново финале во Западната конференција откако синоќа убедливо славеше на гостувањето против ЛА Лејкерс со 108-131, за водство од 3-0 во оваа плејоф серија.
„Езерџиите“ пробаа најразлични варијанти во играта, тренерот Редик им даде шанса на неколку играчи кој најчесто седат на клупата, но конечниот исход е идентичен, Оклахома Сити беше тимот што на крајот се радуваше на победата. Пресудно се покажа второто полувреме, ако се знае дека на паузата лејкерси водеа со 59-57. Оклахома заигра шампионски, го доби третиот период со 30-33, а потоа во последната четвртина постигна дури 41 поен (29-41), за убедлива победа и значаен чекор кон следната фаза од плејофот.
Мичел беше прв стрелец на победничкиот тим со 24 поени, Гилџус Александер имаше 23 поени и 9 асистенции, додека Хашимура со 21 и Леброн Џејмс со 19 поени беа најефикасни во победничкиот тим.
Кливленд славеше на домашен терен над Детроит со 116-109, намалувајќи на 1-2 во оваа серија од полуфиналето во Источната конференција. Детроит се врати од двоцифрена негатива, но домашниот тим беше подобар во клучните минути од завршницата, се одлепи во последните 120 секунди и стигна до голема победа.
Мичел беше најдобар поединец на натпреварот со 35 поени, а Канингем со трипл дабл од 27 поени, 10 скокови и 10 асистенции го предводеше гостинскиот тим, сепак недоволно за да се избегне пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
